Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Болниците забрзано се полнат, денеска рекорден број на новозаразени

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Да потсетиме дека денеска беше објавено за 594 нови случаи на коронавирус, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на пандемијата до денес.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Што му кажа на Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка?

ДЕСК

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

ДЕСК

ГРУБИ И БАЈРАМИ ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ НА СУДОТ – Продолжува процесот за „Државна лотарија“

ДЕСК