3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи- ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ. На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С. најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А.Џ.Л. и С.К.).

Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница.

Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал. По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Приведено лице од скопско за издржување на изречена мерка притвор

M T

Приведен скопјанец на Граничен премин Табановце

M T