Centar.mk
БИЗНИС

Одобрена финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра

Владата синоќа на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра.

Заа финансиска поддршка аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година во согласност со условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 до 20 %, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Од полноќ пониска даночна стапка за горивата – трговците да ги прилагодат системите, УЈП најави контроли

C +

Цените на гасот во Европа нагло паднаа по изјавите на Трамп

C +

Мицотакис објави пакет мерки во вредност од 300 милиони евра поради високите цени на енергијата

C +