Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Владата ја продолжи 12-тата седница – Донесени нови одлуки

Во продолжението на 12-тата редовна седница кое што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10% до 20%, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ СО ТВРДЕЊА ЗА ПРОМЕНИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Бара објаснување за одредбата за вториот столб

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

ДЕСК

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ ЈА ПРИМИ ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА МПЦ-ОА – Македонската црква ја нарече помесна црква со законска автокефалност

ДЕСК