Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Македонија во исчекување на денешната статистика за Ковид 19 – Министерството за здравство се извини

Додека регионот брои рекордни бројки на новозаразени, Македонија е во исчекување и на статистиките за новозаразените од коронавирус, но до овој момент сѐ уште нема ништо ново на оваа тема.

Токму поради ова со соопштение излегоа од Министерството за здравство:

– Министерството за здравство се извинува до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со ковид-19 во нашата земја. До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје, велат од Министерството.

Веднаш штом пристигне дневниот извештај, истиот ќе биде проследен до јавноста, додаваат во кусото соопштение од МЗ.

Centar.mk откако ќе го добие извештајот, веднаш ќе го проследи до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК