Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде што локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

В петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК