22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата попладнево?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир). На овој патен правец во претстојниот период ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.

Од 21.09.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с.Трница, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 90 дена.

Виадукт трејд од 16.09.2020 г. започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се врши комплетно затворање на сообраќај за што ќе има промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с.Злетово, преку с.Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од 14.08.2020 год. ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с. Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с. Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 – 16:00 часот при што сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 година, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3.5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

ЦУКС известува дека екипите на ЈП Улици и патишта, во текот на утрешниот ден (02.10.2020г петок) ќе монтираат портални семафорски столбови на бул. АСНОМ во општина Аеродром. Монтажата на новата семафорска сигнализација ќе почне во 9 часот наутро и ќе трае до завршување на активностите, па оттука на овој потег ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

На ден 05.10.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности на дел од ул. 11 Октомври, на потег од крстосница со бул. Кочо Рацин до ул. Филип Втори Македонски во фази. Во втора фаза ќе бидат затворени трите сообраќајни ленти во правец на движење од ул. Филип Втори Македонски (Собрание) до бул. Кочо Рацин. Левата сообраќајна лента од правец на движење од бул. Кочо Рацин кон ул. Филип Втори Македонски ќе биде наменета за движење на возилата од спротивна насока, односно за возилата кои што се движат од ул. Филип Втори Македонски кон бул. Кочо Рацин.

На 19.09.2020 година од 06:20 часот кај клучка Орман, на обиколница Велес-Тетово, поради изведување на градежни работи, сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат низ с.Волково.

На ден 14.09.2020 година, ДПТУ Ескаватори-Мк Дооел Скопје, ќе започне со изведување на градежни активности (реконструкција) на ул. „Џон Кенеди“ од бул. „Македонско Косовска Бригада“ до бул. „Христијан Тодоровски Карпош“.

На ден 29.06.2020 година ќе се започне со изведување на градежни активности односно геомеханички истражни работи (бушотини кои ќе се изведуваат од 2-3 часа) на ул. “Лазар Личеноски” Скопје, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На ден 29.06.2020 година ќе се започне со изведување на грaдежни активности односно геомеханички истражни работи (бушотини) на ул. “Самоилова” Скопје, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ЦУКС известува дека од четврток 25.06.2020 година, поради градежни активности на коловозот на бул. Борис Трајковски, со соодветна сигнализација, ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Градежните работи за поставување топлинска и гасоводна мрежа, што ќе ги изведува БЕГ, ќе го опфатат потегот од семафорите кај Општина Кисела Вода до раскрсницата со ул. Народни херои, во крајната десна сообраќајна лента во насока на движење од Центар кон населба Драчево. Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршување на градежните работи, а Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

ЦУКС известува дека од 22.06.2020 (понеделник), поради извршување геомеханички истражни работи на коловозот на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица, како и на булеварот Свети Климент Охридски, во наредните петнаесеттина денови ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Измената на сообраќајниот режим ќе се воведе на дел од бул. Св. Климент Охридски во близина на крстосницата со бул. Илинден кај зградата на Владата, додека на бул. Никола Карев со сообраќајна сигнализација и физичка регулација ќе биде изменет режимот на сообраќај на крајната десна лента на потегот од крстосницата со ул. Македонско-косовска бригада до крстосницата кај Качанички пат. Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршување на работите на терен, а Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

На Табановце за влез се чека околу половина час

M T

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија утринава?

CENTAR MKD

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

CENTAR MKD

АМСМ со важна вест за возачите: Вечерва внимателно на овие патни правци

CENTAR MKD