Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Искористете го последниот ден од „Викенд без ДДВ“, купувајте македонски производи!

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните да го искористат последниот ден од „Викенд без ДДВ“, за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

-Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 22 СТЕПЕНИ – Од сабота пристигнува постудена воздушна маса, се очекува заладување

ДЕСК

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

ДЕСК

Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ

ДЕСК