Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Засилени сообраќајни контроли во Тетово: 189 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово. Притоа, изречени се вкупно 189 санкции, меѓу кои 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 22 за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци на мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК