Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис

Почна „Викенд без ДДВ“

Реализацијата на мерката „Викенд без ДДВ“ почнува денеска и ќе трае наредните три дена. Се однесува на домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема за кои ќе се враќа целиот износ на платениот ДДВ, за промет до 30 илјади денари направен денес, утре и задутре.

Тоа значи дека граѓаните ќе добијат назад 18, односно 5 отсто од вкупниот износ на фискалната сметка, под услов сметките да ги скенираат преку апликацијата на УЈП „Мој ДДВ“.

Парите од уплатениот данок за време на „Викендот без ДДВ“ на граѓаните ќе им бидат вратени на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, или до крајот на овој месец.

Фискалната сметка издадена за време на „Викенд без ДДВ“ ќе мора да се скенира во рок од три дена за да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност.

Властите очекуваат со оваа мерка да се направи вкупен промет од над 170 милиони, а проекциите стигнуваат и до 250 милиони евра. Кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра со проекција да стигнат и до 22,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Деновиве треба да легнат 66.853.929 денари на сметките на 204.088 граѓани – пари од викендот без ДДВ

CENTAR MKD

Ако купите производ од 11.800 денари, добивате 1.800 денари назад – Државата враќа ДДВ за домашни производи

CENTAR MKD

(Видео) Кузеска: „Викенд без ДДВ“ значи пари назад кај граѓаните и поддршка на приватната потрошувачка

CENTAR MKD