11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Ако купите производ од 11.800 денари, добивате 1.800 денари назад – Државата враќа ДДВ за домашни производи

Корисниците на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени денеска, утре и задутре, за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, со нивното скенирање ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за тие производи во фискалните сметки, соопштија од Управата за јавни приходи.

Според в.д. директор на УЈП, Фарук Омери, ако досега се враќаше 20% од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.

-Значајно е дека за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупниот промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20 % – објасни Омери.

Тој додаде дека во овој Викенд без ДДВ е даден акцент и на компјутерската опрема, со тоа што овој викенд истата независно од потклото во фискалните сметки ќе се регистрира како промет на македонски проиводи, со цел граѓаните да ги искористат приодибвките од купување копјутерска опрема имајќи предвид колку е таа во овој период неопходна.

Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, додаваат од Управата за јавни приходи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T