Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов бран пообилни врнежи и грмежи во делови од Македонија веќе од понеделник – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.10.2020
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 20°С до 27°C
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 12.10.2020
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 13.10.2020
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК