25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски членови и граѓаните, реагира СДСМ

– За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, се вели во соопштението на СДСМ, кое доаѓа по вечерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

– Во време кога државата се соочува со есенски бра на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува.

Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие.

На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните, воопшто нее загрижен за состојбата со коронавирус, негова единствена цел е да ја зачува фотелјата во белиот дворец по секоја цена иако пред јавноста вети дека ќе даде оставка ако не победи на изборите и не формира влада.

Заради лицемерниот однос, заради дејствувањето против здравјето и интересите на граѓаните, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението на СДСМ.