Секојдневни се обвинувањата од јавноста и дел од политичките партии кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија е „навлечена“ на лажни вести и дезинформации.
Последен во низата примери се наводите дека премиерот Зоран Заев и неговото семејство поседуваат луксузна вила во Грција.
Текстот првично беше преземен од бугарски медиум и експресно раширен по интернет портали во Македонија, кои важат за медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, за веднаш потоа го искористи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Иако уште синоќа Владата демантираше дека премиерот Заев поседува имот во Грција, а неговата СДСМ реагираше на наводите на Мицкоски, тоа не ги спречи ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да ја експлоатираат оваа тема.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да преземаат цели операции за нарачка, создавање и пласирање на лажни вести. Од изборите во 2016 и лагите за „федерализација“ и „кантонизација“ преку таканаречената Тиранска платформа, преку тоа дека нема да станеме членка на НАТО ниту да започнеме преговори со ЕУ, па се до кризата со корона и лажните вести дека немало доволно тестови, немало доволно заштитна опрема, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање на лажни вести и нивно натамошно експлоатирање.
За време на коронакризата одредени медиуми преку анализа на едноставен пример јасно покажаа како функционира шемата на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ. Се чини дека и во последниот случај станува збор за таков разработен механизам се со цел да се оцрни политичкиот противник.
Во ситуација кога опозициската партија се соочува со изразени внатрешни поделби и проблеми, кога во Собранието не нудат ниту еден конкретен предлог за добро на граѓаните и државата, очигледно е дека единствено што функционира во ВМРО-ДПМНЕ е системот на пласирање лажни вести и дезинформации.