Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Ред, дисциплина, правда се зборови од кои бега ВМРО-ДПМНЕ

Време е судиите по законот да одлучуваат.Се бориме за независност и ефикасно судство.Имам предуслови за да ја подобриме оваа ситуација, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во 24 анализа.

Тој порача дека според него први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал.

По обвинувањата на Тони Менкиноски од Комисјата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ дека изборната кампања ред правда и дисциплина е превземена од Бенито Мусолини и е позната од неговото време, Маричиќ рече дека овие пропаганди се прават за време на изборна кампања.

-Изборната кампања заврши имам нова влада, вакви фотографии имавме и во други дебати. Ред, правда и дисциплина се зборови од кои бега ВМРО.Трагикомични ви се протестите кои ги организирате и повикувате на ред, а единствениот поим за вас е ослободување на осудените за 27 април и само за вас не важи законот. Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта, изјави Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +