Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Трагедија: Во базен во Прилеп мртов е пронајден чуварот на објектот

Вчера попладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека во базен во кругот на фабрика бил пронајден удавен педесет и шест годишниот Г.М. од Беровци, кој работел како чувар.

Телото на починатиот чувар било извлечено од страна на противпожарната служба од Прилеп.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

На местото бил извршен увид од страна на надлежните, а врз телото на починатиот чувар ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК