Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Задолжително пензионирање на 62 и 64 години во јавниот сектор

Задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да важи за приватниот, туку само за јавниот сектор, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

– Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Министерката ги најави законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура, според кои работниците кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Шахпаска рече дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.

Можеби ќе ве интересира

Сè поскапо, а парите сè помалку: како работниците ќе ги турнат празниците

ДЕСК

Познато е кога ќе тргне исплатата на пензиите – Некои од банките исплаќаат предвреме

ДЕСК

Во октомври 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.943 денари

ДЕСК