Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Започнуваме нова македонска економија

Започнуваме нова македонска економија, најави Заев од денешната прослава по повод Денот на независноста.

– Ја трансформираме на нашата економија во динамична, иновативна, отворена и конкурентна. Економија подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса на секој. Продолжуваме со реализацијата на капитални инфраструктурни проекти. Ги унапредуваме условите за привлекување на директни странски инвестиции и на стимулирање на домашните инвестиции, вели Заев и додава:

– Оваа криза за нас е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе. Владата ќе ја води државата кон излез од кризата со што помалку последици, како и кон брзо враќање на претходните стапки на раст на економијата. Создаваме рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ. Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста.
Во следните четири години Владата ќе ја следи политиката на зелена и дигитална транзиција во духот на Европскиот зелен договор. Ваквиот пристап, овозможува економија која е во функција и на интересите на луѓето и на планетата и на здравата животна средина. Во таа насока започнуваме широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе си ги исчистиме воздухот, водите и почвите, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК