11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Хороскопски комбинации кои никогаш нема да бидат среќни заедно

Иако сакате некој премногу, можеби би било добро да го проверите неговиот знак, советуваат астролозите.

Тие тврдат дека ѕвездите утврдиле дека некои знаци од хороскопот едноставно не функционираат добро кога се работи за љубовната врска. Иако на почеток на врската се’ изгледа сјајно и прекрасно, разликите во карактерот ќе доведат до разлики кои ќе се појават порано или подоцна.

РАК И ВОДОЛИЈА

Во теорија, овие два знаци од хороскопот може да бидат пар, бидејќи се две разумни битија. Меѓутоа, Водолијата е знак кој сака слобода и чувствува дека премногу чувствителниот и посесивен Рак го гуши. Затоа овие хороскопски знаци во светот на ѕвездите не се најсјајна комбинација.

ДЕВИЦА И ВАГА

Тие никогаш нема да имаат долгорочен однос. Нивниот начин на размислување е целосно поинаков. Тие се два знаци од Зодијакот кои најмногу се расправаат, а меѓу нив никогаш нема да има хармонија.

БЛИЗНАЦИ И ЈАРЕЦ

Близнаците бараат многу внимание кога се во врска. Од друга стрна, Јарците не се секогаш подготвени на тоа. Ова е погрешна комбинација која ги прави овие два хороскопски знаци несреќни во љубовниот однос.

Спонзорирано: