Centar.mk
ЛОКАЛНО

За една недела подигнати 131 непрописно паркирано возило од јавните површини

Во текот на изминатата недела (27.08 – 02.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 131 возило од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 17 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 114 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 311 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 17 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК