Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ со добра вест за адвокатите од Македонија

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ, министер за правда:

Отсега македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс!

Досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.

По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит.

Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс.

Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК