Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите ги објавија прогнозите: Следува значителен пад на температурите и невреме

Под влијание на многу топла воздушна маса денес времето ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Утре попладне претежно во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец.

Од среда ќе има повремено заголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота.

Прогноза за 02.09.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 26°С до 33°C
Умерено до значително облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7

Прогноза за 03.09.2020
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Сончево со умерена облачност, попладне со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ=7

Прогноза за 04.09.2020
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Умерено облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК