24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

ТОПЛОТЕН БРАН: Метеоролозите издадоа предупредување, следува жешко време, а потоа голема промена

Под влијание на многу топла воздушна маса, денес и утре ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.

Денес и утре ќе се задржи сончево и многу топло време, кога во поголем дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени.

Од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат. Во четврток и петок се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 01.09.2020
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 28°С до 35°C
Претпладне сончево, попладне со зголемена облачност и услови за краткотраен дожд особено во крајните северозападни делови од земјата. УВ=8

Прогноза за 02.09.2020
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7

Прогноза за 03.09.2020
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Претпладне сончево, попладне со зголемена облачност и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.