Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Евтината тарифа останува, цената се корегира за околу 100 денари месечно

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

-Неодамна сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, рече Бислимоски.

Според него ова поскапување ќе значи дека ако досега вашата сметка досега била 1500 денари, сега ќе чини околу 100 денари повеќе.

Ефтината тарифа останува, што е многу битен момент во ситуацијава. Истовремено стигнат е предлог за евентуално намалување на ДДВ за потрошена електрична енергија, што би значело поевтинување на струјата.

Можеби ќе ве интересира

Лабудовиќ: Реформите во енергетскиот сектор носат конкретен напредок

ДЕСК

Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

ДЕСК

Светските цени на храната паднаа по четири години, најголемо поевтинување кај житарките

ДЕСК