Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР со вонредна временска: Од петок дожд, грмежи и силен ветер

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9

Во петок и во сабота во попладнедневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време.

Прогноза за 24.07.2020
Минимална температура: 13° доC до 22°C
Максимална температура: 30°С до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Прогноза за 25.07.2020
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 35°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. УВ=8

Прогноза за 26.07.2020
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. УВ=9.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК