19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Веќе никогаш нема да фрлате лушпи од кромид

Многу луѓе не се ни свесни дека лушпите од разно овошје и зеленчук се полни со антиокситанси и други поволни нутриенти кои можат да го подобрат здравјето.

Добар пример за тоа е кромидот. Иако не се јаде, лушпата од кромидот е полна со кверцетин, моќен антиоксиданс кој го регулира крвниот притисок и спречува кардиоваскуларни болести.

Доколку додадете лушпа од кромид во било кој редовен оброк, вклучувајќи супа или чорба, ќе го зајакнете својот оброк со моќен антиоксиданс, но и други нутриенти.

Кромидот е еден од најздравите зеленчуци на планетава и е добро познат по своите силни антибактериски својства.

Кромидот е одличен при одржување рамнотежа на нивото на шеќерот во крвта, запирање на крварењето од носот, но и јакнење на имуниот систем со помош на витаминот Ц.

Спонзорирано: