Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Нова цена на горивата во Македонија

Во понеделник напладне, Регулаторната комисија ќе ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Пред 7 дена Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 сега изнесува 63,5 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 денари за литар.

Какви ќе бидат ново-утврдените цени е непознато, но на светските берзи нафтата од типот брент според која се утврдуваат цените на горивата во Македонија, се зголеми за два долари од околу 41 долар за барел на 13-ти јули на околу 43 долари за барел заклучно со вчерашниот ден.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИ ПЛАНИРАНИТЕ РОКОВИ ЗА ГАСНИТЕ ВРСКИ – Интерконекторот со Грција се очекува во 2027, со Србија во 2028 година

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – Работниците во Македонија очекуваат ново зголемување, еве што предвидува законот

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК? – Позната курсната листа за 9 ноември, еве колку денари вредат 100 и 500 евра

ДЕСК