Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија, велат од СДСМ.

– Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато.

Македонската иднина е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт.

Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, порачаа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК