Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач удрил во деветгодишен пешак во Тетово

Деветгодишно дете со тешки повреди било пренесено во болница откако во него удрил автомобил.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17:20 часот на бул. Видое Смилески-Бато во Тетово, кога „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрил во деветгодишен пешак од Скопје.

Детето со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

C +

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени, попладне краткотраен дожд

C +

СДСМ: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

C +