17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гласовите од првите два дена се запечатени и ќе се бројат на 15-ти јули во 21 часот: ДИК ги демантираше лажните вести, кои ги ширеа фармите за лажни вести под капа на унгарска фирма

Државната изборна комисија појаснува дека гласачките ливчиња добиени од гласањето на граѓаните кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, а кои гласале на 13.07.2020 година, и гласачките ливчиња од гласањето на болните и немоќните лица, кои гласале на 14.07.2020 година, согласно одредбите на Изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија, не се отвораат и не се бројат пред денот на гласањето, туку истите, во пликови, се наоѓаат запечатени во гласачката кутија за соодветното избирачко место, информира ДИК, откако се појавија лажни непостоечки резултати на интернет портали – фарми за лажни вести.

Истите, пред започнувањето на гласањето на самиот ден на гласањето, 15.07.2020 година, се вадат од гласачката кутија, едно по едно се вадат од пликовите и, без да се провери за кого е гласано, се ставаат во гласачката кутија за соодветното избирачко место. Истата потоа се користи за редовното гласање.

Напоменуваме дека на 13.07.2020 година и 14.07.2020 година не се објавуваат резултати од гласањето, туку само излезност, т.е. бројот на гласачи кои гласале.

Овие гласачки ливчиња, заедно со останатите ливчиња од гласањето на 15.07.2020 година, се пребројуваат по завршувањето на гласањето на 15.07.2020 година, по 21 часот.

Претходно интернет страници блиски до една политичка партија, кои важат и се означени како фарми за лажни вести соопштуваа наводни резултати кои беа целосно лажни, а во обид да придобијат гласачи кон таа политичка структура прикажуваа резултати кои одат во корист на еден политички субјект. Интернет порталите кои ги објавуваа овие неточни податоци, со години се познати на јавноста како фарми за лажни вести.