Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

По трагичната сообраќајка кај Љуботен од 00 и 30 часот наизменично се пуштаат возилата

Од 00:30 часот сообраќајот на магистралниот пат Штип-Радовиш, кај с.Љуботен, се одвива со наизменично пропуштање, информира АМСМ.

Како што претходно објави Centar.mk, во тешката сообраќајка која се случила вечерва во 21 часот и 30 минути кај Љуботен според неофицијални и непотврдени информации почина едно лице, а три се повредени.

Во сообраќајката учествувале три возила, од кои едно излетало од патот.

Ова беше втора сообраќајна несреќа со потешки последици на патниот правец Штип-Радовиш. Претходно, како што објави “Centar” се судрија две возила марка мерцедес, од кои едното беше полно со мигранти. Во несреќата со повреди се здобија најмалку 12 лица.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК