20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ДПМНЕ во очај: Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она МАРШ на претседателот Заев

На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец, реагира СДСМ.

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот.

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.

Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!,велат од СДСМ.

Спонзорирано: