Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на „German-Macedonian Business Summit 2026“, нагласувајќи дека соработката со германските компании е клучна за економската трансформација на земјата.

Тој порача дека дигиталната трансформација и економијата базирана на знаење се приоритет за државата, истакнувајќи дека идниот раст повеќе не може да се темели само на евтина работна сила, туку на иновации, технологија и човечки капитал.

Мицкоски нагласи дека Германија е важен економски партнер и симбол на индустриски и технолошки развој, додавајќи дека германските компании во земјата не се само инвеститори, туку партнери во модернизацијата на економијата.

Тој истакна дека Владата работи на стабилна и про-бизнис средина преку дигитализација, намалување на административни бариери и подобрување на инфраструктурата, со цел привлекување и олеснување на инвестиции.

Посебен акцент беше ставен на развојот на образованието и вештините, при што премиерот порача дека младите треба да имаат можност да останат во земјата и да градат кариера во модерна економија.

Мицкоски додаде дека Северна Македонија има потенцијал да стане регионален центар за технологии, производство и дигитални услуги, но дека за тоа е потребна силна соработка меѓу државата, индустријата и странските партнери.

На крајот од обраќањето, тој порача дека иднината на земјата се гради преку партнерства, знаење и технологија, со цел создавање модерна европска економија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +