Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресврт: Објавија снимка “против” Заев, но направија огромна грешка – заборавија да исечат како Заев вели “МАРШ” на крајот од снимката

Опозиските медиуми попладнево објавија прислушкуван разговор на кој се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Краткиот разговор под името “Заев зема рекет од 6 милиони евра!” патем е нецелосен, навидум изгледа како да е “вистинската” алатка против Заев, но доколку внимателно се слушне аудиото кое го објавиле опозициските структури, може да се слушне како Заев на шест милиони евра, возвраќа со зборот “МАРШ”.

Според македонскиот дигитален реченик зборот Марш е “Груба наредба кон некого да cи оди”

Со ова опозициските структури објавија аудио снимка која всушност само покажува дека Зоран Заев, не само што не е поврзан со рекет, туку и знае како да се справи со таквите луѓе.

Целото аудио слушнете го тука, а клучниот елемент кој заборавиле да го исечат опозициските продуценти е на 9-тата секунда.

Со ова продолжува низата на промашени прислушкувани разговори, кои веќе не се ни петарди.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК