Денес и утре попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Потоа продолжува периодот на стабилно време. Утре и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени (утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава).
Прогноза за 13.07.2020
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 23°С до 31°C
Сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. УВ=9
Прогноза за 14.07.2020
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 24°C до 31°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=9
Прогноза за 15.07.2020
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=9