Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев од Шуто Оризари: До крајот на годината ги отвораме европските фондови и ќе се збогуваме со сиромаштијата

„Ние заедно соборивме режим со пенкало и глас. Оние кои користеа погрдни зборови за Ромите и ги негираа како нација сега не може да ги бараат вашите гласови. Бевме сите националности заедно на 27 април кога под наплив на национализам и шовинизам дојдоа да ја уништат парламентарната деморкатија. Два и пол часа чекавме да падне живот, но успеавме да победиме. И сега тие прокламираат држава само на Македонците, е тоа нема да го видат. Ние гледаме напред кон иднината, потпишавме договори со Бугарија и со Грција. И ние можевме да калкулираме за политичките кариери, но ние имавме храброст да се бориме и успеавме.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на предизборната трибина во Шуто Оризари и ги повика граѓаните на 15 јули да ја изберат вистинската опцја, коалицијата „Можеме“.
 
Понатаму тој се осврна на надворешните успеси на државата.
 
„Силата е во сплотеноста, да останеме обединети и заедно. Ние сме членка на НАТО, одиме во Европската Унија, ќе ги отвориме поглавјата. Меркел објави дека до крајот на годината ги отвораме и поглавјата и фондовите и ќе ја решиме сиромаштијата. Сето ова го правиме заради децата, заради младите. Имаме работлив народ, имаме млади, имаме клима и географска положба, обработлива земја, сите предуслови. Сега немаме непријатели во соседите, ниту во Европа, сите сакаат да ни помогнат, сите не поддржуваат“- зборуваше Заев пред жителите на ромската општина Шуто Оризари. 

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК