9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјановска: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Професорката Гордана Силјановска-Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот. Не смее да има човек, вели Силјановска, кој нема да реагира на она што ни се случува.

„Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотраен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи, таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија.
Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки, замислете Тимчо и јас сме биле транзициските профитери. Јас сум била 2 години во политика, а транзицијата трае 30 години. Е тие кои од бебиња се во политика и не се збогатија од пиперки и домати туку од политичкиот статус велат дека повторно транзициските политичари се во игра, тоа е срамота“, објасни таа.

Истакна дека народот треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав, дали ги нема корупцијата и криминалот.

„Дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра. Не, многу не! Споредете ги оние кои ги персонализираат партиите, еден прекуноќ збогатен човек и еден учител, ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да зборуваме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку бомби паднаа и дознавме интересни работи. Оние кои се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата“, истакна Силјановска.

Нагласи дека не може да постои економија, образование, социјална заштита и култура, ако нема костур наречен владеење на правото.

„Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата се на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе почне нова ера, јас ја викам 4. македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е точно мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава“, повика Силјановска-Давкова.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T