Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство, Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата.

Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да ги потсетиме.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

Во однос на горивата да во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.

Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти.
И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

За разлика од марихуана економијата на СДС и стабри здравството на Филипче денес владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување странски инвестиции, отварање на нови фабрики, нови работни места и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.