11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако заокружите за СДСМ, заокружувате за распарчена Македонија

Ве гледам вечерва и во вас гледам голема одлучност, голема победа се најавува на 15 јули, рече во својот говор во Гевгелија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, ситуацијата во Македонија може да се измени и тоа ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога некој ви вели се е попусто, не, не е. Македонија ќе биде дом за секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром и сите останати. Македонија ќе биде дом за сите. Сега има една тажна мачна сурова реалност во која живееме, многу млади иселени и нивни роднини баби, дедовци кои чекаат повик. Ќе заврши ова време, младите ќе останат тука“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за политичката матрица на СДСМ, објаснувајќи кои се нивните четири чекори на владеење.

„Првиот чекор е предизборна лага, а потоа доаѓа вториот чекор или национален срам, трет корупција и кримнал, и четврт, а тоа е заробено обвинителство и судство со цел пресметка со неистомисленици“, кажа Мицкоски.

Како што рече тој, коалицијата СДСМ-Беса ја ставила иднината на Македонија на маса, по што следи нејзина федерализација, а потоа и нејзино уништување.

„Заокружувајќи за Заев и СДСМ секој треба да знае дека заокружува за распарчена Македонија, но јас сум убеден дека граѓаните без разлика на етничка припадност се определени за обнова, за Македонија која ќе биде пристојно место за живеење за секој роден овде во Македонија“, посочи Мицкоски и повикувајќи ги граѓаните да го заокружат бројот 14 порача дека доаѓа казната за власта на Заев и СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.