Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев кон Мицкоски на МРТВ: Негативно сте настроени, знаете дека ние сме победници

„Немојте да бидете негативно настроен господине Мицкоски. Занеме и ние, знаете и вие, остануваме ние на власт затоа што заслужуваме. 11 години бевте на власт, владееше страв и трепет и покажавте како не се грижите за здравството. Знаат здравствените работници кој се грижи за нив. И знаат дека во иднина секоја година ќе им се зголемуваат платите за 10 отсто. И затоа ги задржуваме тука, а не кога владевте вие па сите ни заминаа надвор.“- му ја предочи вистината Зоран Заев на христијан Мицкоски во телевизискиот дуел на МРТВ.

Понатаму Заев му одговори и на обвинувањето дека СДСМ ја задолжува државата.

„Ако треба и понатаму ќе земаме кредити за да им помогнеме на граѓаните. Со парите кои ги позајмивме пуштивме платежни картички, пуштивме ваучери, ете затоа земаме кредити, за на народот да му биде полесно, а не како вас да се позајмуваме за споменици, фасади и стиропор.“- му објасни Заев на Мицкоски во дуелот на МРТВ кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ се обиде да ги критикува заемите на владата.

Заев му наброја неколку аргументи за да му долови дека за СДСМ граѓанинот е во прв план.

„Ги одложивме даноците, ги помогнавме невработените, 25 милиони евра дадовме грантови на македонската економија. Навистина покажавме флексибилност и иноватиност и покажавме дека знаеме како да се справиме и ќе продолжиме да се бориме за секој работник, за секој човек.“- посочи Заев.