Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Заев: Вас ве интересираат само тендери и власт

Вечерва во дуелот на МРТ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Заев му посочи дека тој не сака како него да владее со народот, туку сака заедно со народот да ја обнови Република Македонија од пепелта која што ќе ја остави власта на СДСМ.

Вие останете оптеретени со својата власт, тендери и пари, а јас ќе пишувам нова историја заедно со мојот народ, господине Заев“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тој и Заев многу се разликуваат по тоа прашање. Зоран Заев за овие три години покажа колку се интересира за лични интереси, за пари и тендери. Додека граѓаните осиромашуваат неговите фирми драстично се богатат. Тоа ќе престане, време е да престане, а ќе престане кога Заев и СДСМ ќе си заминат од владата. Е, тогаш ќе може да започне обновата на Република Македонија. Тоа ќе биде времето кога сите до еден ќе одговараат пред законот и Уставот и веќе нема да има привилегирани политичари, рекол Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК