Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев за CENTAR: Имаме срдечен и топол прием од граѓаните во оваа кампања

– Јас сум задоволен од срдечниот и топол прием на граѓаните, од позитивниот начин на којшто реагираат за оваа специфична кампања, во време на глобална пандемија, почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето. Нас не гледате, имаме крајно позитивна кампања, со силна издржана понуда и програма на над 300 страни која во фокусот ги има граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Centar.mk.

– Што би издвоил? Зрелоста на нашиот народ и изградените чувства за државата, за тоа како треба да продолжи напредок. Граѓаните си ја сакаат сопствената држава и знаат, многу добро знаат се. Ние работиме за нашата татковина на која и посакуваме напредок, развој, сигурност и стабилност. Очекувам таа зрелост и свесност да допринесе не само кампањата туку и изборниот ден да поминат како што личи на земја членка на НАТО, демократска земја која чекори напред, кон ЕУ, кон сигурност, раст и развој, вел Заев во интервјуто на Centar.mk кое целосно може да го прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК