Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанушев главна ѕвезда во новите “бомби”: Се заканува на колешка со “бокс”во фаца

На Јутјуб се појави нова аудио снимка на која се слушаат гласовите на Миле Јанакиески и Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ. Во снимениот телефонски разговор тие координираат за списоци со гласачи.

„МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.

„Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“, вели Јанушев во снимката.


„На работа сме, куцаме табели, последно имаме осум“, вели Јанушев во втората објавена снимка. На тоа Јанакиески прашува до која бројка ќе дојдат, а Јанушев одговара „околу 9 е најреално“.

Јанакиески своевремено беше Министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, Јанушев во моментов е носител на изборната единица три од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +