Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев до граѓаните на Кочани: Ја покачуваме минималната плата на 20.000 денари до крајот на мандатот, тоа е 120% повеќе од минималната плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ!

На граѓанската трибина којашто се одржа на Пониква, претседателот Заев зборуваше за остварените економски резултати и големите позитивни промени што беа направени на економски план, а се осврна и на мерките од понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ со кои ќе продолжиме да градиме нова македонска економија.

„12.000 стечајни работници денеска зимаат стечаен надоместок. Ја донесовме одлуката за повозрасните луѓе да зимаат државна социјална пензија. Денеска 6.600 граѓани добиваат државна социјална пензија. Планираме да ја прошириме мерката и да земаат уште повеќе луѓе кои што се социјално незгрижени. Не беше лесно, требаше храброст да се зголеми социјалната помош за 300%. ВМРО – ДПМНЕ и голем број критичари велеа да не ја зголемуваме минималната плата бидејќи ќе предизвика отпуштање на работниците и затворање на фабриките. Од 9.000 денари прво на 12.000 денари па на 14.500 ја зголемивме платата. Во мандатот пред нас минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари тоа е 120 отсто од 9.000 денари колку што беше за време на 11 години владеење на режимот на Груевски. Просечната плата од 22.300 ја зголемивме на 27.2000 денари. Ако за две и пол години успеавме за 5.500 денари, во новиот мандат ќе ја зголемиме уште повеќе. Затоа излегуваме со ветување просечна плата до крајот на 2024 до крајот на следниот мандат од 34.000 денари“, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев истакна дека источниот дел на Република Северна Македонија се гради како никогаш до сега и ја наведе изградбата на браната Речани во кочанскиот регион како значаен проект за кој сонувале генерации од овој крај, а денеска се гради и се реализира со што ќе се овозможи наводнување на 1/3 на земјоделските површини од овој крај.

На крајот од своето обраќање тој ги повика граѓаните да го дадат својот глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“ и заедно да продолжиме на правиот пат кој обезбедува сигурност, нова македонска економија и светла иднина за сите.