Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: 40 отсто од министерските места ќе им припаднат на жени

Носителката во првата изборна единица на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“, Гордана Силјановска-Давкова од пред музејот на Македонската борба истакна дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта и рамноправноста за жените.

„Обнова на почита, родовата рамноправност, обнова на респектот на енергијата, знаењето и креацијата на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три, па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска, ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери“, кажа Силјановска- Давкова.

Дополнително таа потенцираше дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот живот.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +