Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес таа е во рацете на земјите членки, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што покјасни тој, Преговарачката рамка од страна на ЕК е прилагодена врз основа на новата методологија за пристапниот процес.

„Суштината на предложената Преговарачка рамка, за којашто, според последните информации, веќе следната недела во Брисел ќе се разговара од страна на земјите членки на експертско работно ниво е европските стандарди да си ги донесеме дома. Пред се’ демократските принципи и вредности поврзани со владеењето на правото, како и економските реформи“, посочи министерот.

Тој додаде дека ова се случува токму на денот кога претседавањето со Советот на ЕУ го презема Берлин и изрази уверување дека со германска поддршка во следниве месеци ќе биде отвориме првата Меѓувладина конференција.

„Во тој момент започнува конкретното одвивање на пристапниот процес преку завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер наречен – Основни вредности кој ги третира клучните реформски области од Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, Економските критериуми, Функционирањето на демократските институции, Реформата на јавната администрација, Поглавјето 5 – Јавни набавки, Поглавјето 18 – Статистика и Поглавјето 32 – Финансиска контрола“, појасни Димитров.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК