6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки во Македонија

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, одговорија на прашањата за воведување на рестрикции поради бројот на новозаболени од Ковид-19.

Спасовски одоговарајќи околу тоа дали е можно затворање на северната граница со оглед на состојбата со коронавирусот рече: „Ако има каква било потреба или оправданост што ќе произлезе од Комисијата за заразни болести секако дека ќе носиме одлуки затоа што наш голем приоритет е ние да се заштитиме, да ја заштитиме државата и да го заштитиме здравјето на граѓаните“.

Премиерот е дециден дека никој не ги посакува рестрикциите и апелираше до граѓаните да не го потценуваат вирусот и да се придржуваат до мерките за заштита.

Според него, епидемолошката слика не само кај нас, во регионот е иста речиси секаде и веќе не се разликува многу и во некои други држави во Европа. Токму тоа, како што истакна Спасовски, била клучната причина зошто дошло до отворање на границите.

Министерот Филипче, пак, истакна дека досега не е разговарано за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од Србија и Косово.

„Ако во кој било момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка, дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во кој било дел од земјата, тоа ќе го препорачаме, изјави Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.

Спонзорирано: