10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Поради ова добивате големи сметки за струја: Овие 5 уреди трошат и додека се исклучени

Освен што ќе ви заштеди пари, исклучувањето на уредите од струја е побезбедно во случај на невреме, кога сите вклучени уреди се под ризик од удар на гром.

Знаете ли дека вашите апарати водат таен живот додека се исклучени? Ова е листата на уреди кои трошат енергија и додека се во состојба на мирување:

Полнач за мобиелн телефон

Многумина го оставаат полначот во штекер и откако ќе завршат со полнење. Така се чини попрактично, а и често сме мрзеливи да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави самиот полнач не е голем, но постои.

Дигитален ТВ приемник

Малку кој е свесен за работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го и приемникот, ако го имате посебно. Додека беспотребно работи, троши 22 вати на ден.

Телевизор

Дали сте знаеле дека со стискање на копчето за исклучување на телевизорот всушност само го ставате во состојба на мирување. За жал, тоа е така – целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизорот кој не работи, троши 24 вати на ден.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните компјутери работат во позадина. Ако не сакате да ви „крадат“ 95 вати на ден, подорбо исклучувајте ги од штекер. Не треба да се истакнува дека, ако овие уреди ги држите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема.

Уреди со мерач на време

Секој има барем еден таков во домаќинството. Микробранови печки, ДВД плеери… – сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин трошат дополнително 108 вати на ден. Како и се останато, единствено решение е целосно да им се запре дотокот на електрична енергија.

Спонзорирано: