21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во Шуто Оризари: Режимот влечеше за уши, а ние влечеме кон нова развојна економија

Бараме мандат да продолжиме да ги враќаме парите кон граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ бара мандат за да го обнови режимот и да продолжат да крадат, изјави во Шуто Оризари носителот на коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица, Оливер Спасовски.

„Никогаш повеќе режимот нема да влече за уши, затоа што Македонија е на правиот пат и во слобода продолжуваме да влечеме кон нова развојна економија и егзистенција за сите“, истакна Спасовски.

Тој пред жителите на Шуто Оризари објасни дека новата програма на СДСМ предвидува зголемување на лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно, односно како што рече, за 9.600 денари годишно повеќе пари во семејните буџети.

„Минималната плата ќе ја покачивме од 14.500 на 20.000 денари, а беше 9.000 денари. Просечната плата од 22.300 денари ќе ја покачиме на 34.000 денари до крајот на мандатот. Ќе воведеме минимална пензија за ниту еден пензионер да не зема помалку од 10.700 денари. Пензиите се покачени за 720 денари од јануари за сите пензионери и со новото усогласување, пензионерите, во 2020 година ќе примат поголеми пензии“, посочи Спасовски нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат сигурна иднина со нова развојна економија.