Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Драстично поевтинуваат цените за разговори, интернет и смс меѓу балканците

Земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг.

Македонските граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС пораки за цени пониски и до 99% или 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на МБ интернет е 1,9 денари.

Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.

На денешниот состанок на министерите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија, беше заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Пивара Скопје и РФМ – 45 години заедно за македонскиот ракомет

ДЕСК

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

ДЕСК